Многу често уште како мали деца, сигурно сте се запрашувале како се направени анимираните филмови и кои ги нацртал тие весели ликови. Секогаш овие цртани ликови кај нас буделе голем интерес и со воодушевување сме ги следеле. Скоро сите анимирани филмови што ги знаеме носат некаква порака, за другарство, за мир, за почитување, за добри и лоши особини и така натаму.
Со проектот Од дома до училиште, сакавме да добиеме анимирани филмови кои ќе носат порака за безбедно движење по сообраќајниците од дома до училиштето. Така избравме три локации од кои најчесто доаѓаат учениците во нашето училиште, ги скициравме на терен, користевме мапи од Интернет, ги нацртавме истите во програми за компјутерска графика и со помош на MS Movie Maker креиравме три анимирани филмови.

Многу интересна анимација. Сигурна сум дека ќе ја искористат учениците за безбедно движење по нашите сообраќајниците. Одлична идеа!
ReplyDelete