Saturday, February 11, 2012

Правила за велосипедисти во сообраќајот


  • Велосипедистот треба да се движи по велосипедска патека, а ако нема, треба да се движи по десната страна од коловозот и треба да користи најмногу еден метар од коловозот.
  • Ако велосипедистот е во група, треба да се движи позади другиот, а      секое тргнување, застанување и свртување лево или десно се означува со знак. (За застанување ја крева раката, за тргнување напред, ја пружа раката напред, за лево, ја крева левата рака и покажува лево, а за десно, ја крева десната рака и покажува десно.

Ова не е дозволено, затоа што велосипедот нема дополнително седиште, а се возат двајца.

Правила во сообраќајот

Правила за пешаците во сообраќајот

ЕЛЕМЕНТИ НА КОЛОВОЗОТ


За  да се движиме во сообраќајот, треба да ги познаваме правилата и прописите. При преминување на улица, секогаш треба да преминеме на пешачки премин, а ако нема, треба да погледнеме лево или десно дали   нема некој автомобил, и ако нема, тогаш можеме да ја преминеме улицата. На улицата не е дозволено да се игра или скока, за тоа служат игралиштата. Ние можеме да се вклучиме во сообраќајот како пешаци, и кога ќе наполниме 10 години, и како велосипедисти.  Треба да знаеме дека некои возила имаат предност на минување и требаa да ги знаеме елементите на улицата, кои се наведени подолу. 


Thursday, February 9, 2012

Работилница - Од дома до училиште

Во рамките на проектот Од дома до училиште, нашите активности продолжија со одржување на работилница во петтите одделенија. На оваа работилница, беа презентирани целите и активностите на нашиот проект, алатките што ги користевме при негова реализација, како и повеќе сообраќајни правила кои треба да ги почитуваме како учесници во сообраќајот. Најголем интерес на работилницата предизвикаа нашите анимирани филмови, кои го претставија безбедното доаѓање на учениците од дома до училиште. Покрај филмовите, им ги демонстриравме на помалите ученици и сообраќајните знаци, елементите на коловозот, како и правилата за движење со велосипед.


Saturday, February 4, 2012

Три анимирани филмови

Многу често уште како мали деца, сигурно сте се запрашувале како се направени анимираните филмови и кои ги нацртал тие весели ликови. Секогаш овие цртани ликови кај нас буделе голем интерес и со воодушевување сме ги следеле. Скоро сите анимирани филмови што ги знаеме носат некаква порака, за другарство, за мир, за почитување, за добри и лоши особини и така натаму. 


Со проектот Од дома до училиште, сакавме да добиеме анимирани филмови кои ќе носат порака за безбедно движење по сообраќајниците од дома до училиштето. Така избравме три локации од кои најчесто доаѓаат учениците во нашето училиште, ги скициравме на терен, користевме мапи од Интернет, ги нацртавме истите во програми за компјутерска графика и со помош на MS Movie Maker креиравме три анимирани филмови.



Од отворениот ден

На 31 Јануари 2012 година, во ООУ Браќа Миладиновци, се одржа презентација на работата на учениците од прво до осмо одделение за првото полугодие во учебната 2011/2012 година. Покрај учениците и наставниците, Отворениот ден во нашето училиште го посетија гости од локалната самоуправа, претсавници на UNICEF, претставници на невладини организации, и други гости и љубители на науката и техниката. 
На оваа манифестација, се претставија и учениците од шесто одделение-деветтолетка, кои го презентираа проектот Од дома до училиште. Предходно подготвената презентација беше претставена пред сите присутни заедно со цртежите од трите локации во Струга и анимираните филмови кои го претставуваа движењето на ученикот од дома до училиште. Покрај презентацијата и симулирањето на движење на ученикот, на присутните им беше поделен и пропаганден материјал со сообраќајни знаци и правила кои треба да ги почитуваат учениците. Посетителите беа воодушевени од проектот, посебно од анимациите кои ги заинтересира најмногу најмладите ученици, а се пројави интерес и за проширување на проектот од други локации во нашиот град, како и со други дополнителни активности за подигнување на сообраќајната култура и за помасовна примена на ИКТ во сите области на наставата.