Saturday, February 4, 2012

Од отворениот ден

На 31 Јануари 2012 година, во ООУ Браќа Миладиновци, се одржа презентација на работата на учениците од прво до осмо одделение за првото полугодие во учебната 2011/2012 година. Покрај учениците и наставниците, Отворениот ден во нашето училиште го посетија гости од локалната самоуправа, претсавници на UNICEF, претставници на невладини организации, и други гости и љубители на науката и техниката. 
На оваа манифестација, се претставија и учениците од шесто одделение-деветтолетка, кои го презентираа проектот Од дома до училиште. Предходно подготвената презентација беше претставена пред сите присутни заедно со цртежите од трите локации во Струга и анимираните филмови кои го претставуваа движењето на ученикот од дома до училиште. Покрај презентацијата и симулирањето на движење на ученикот, на присутните им беше поделен и пропаганден материјал со сообраќајни знаци и правила кои треба да ги почитуваат учениците. Посетителите беа воодушевени од проектот, посебно од анимациите кои ги заинтересира најмногу најмладите ученици, а се пројави интерес и за проширување на проектот од други локации во нашиот град, како и со други дополнителни активности за подигнување на сообраќајната култура и за помасовна примена на ИКТ во сите области на наставата.



No comments:

Post a Comment