Дали ги знаеме сообраќајните правила и знаци, и дали можеме да кажеме дека можеме безбедно да се движиме од дома до нашите училишта? За да сме сигурни дека можеме безбедно да се движиме по сообраќајниците, треба да ги познаваме сообраќајните правила и знаци. Овие содржини се изучуваат по предметот Техничко образование во основните училишта, но за да ги прошириме знаењата кај учениците, ние наставниците од ООУ Браќа Миладиновци од Струга се одлучивме да изработиме проект, кој ќе ги збогати знаењата за сообраќајната култура, на многу интересен и забавен начин. Проектот го насловивме Од дома до училиште, и во него ги споивме содржините од Информатика, Математика, Техничко образование и Ликовно образование. Поточно, учениците имаа задача да истражуваат поделени во три групи, од три локации во нашиот град за најбезбедниот начин на доаѓање на училиште од сообраќајна гледна точка. Потоа, тие скици, учениците ги пренесија на компјутер, односно ги креираа со помошна програми за компјутерска графика, а на крај извршија анимација на истите и добија анимиран филм за безбедно движење до училиштата. Целиот проект, мултимедијалните продукти и пропаганден материјал беше презентиран на отворениот ден во нашето училиште, кога содржините беа презентирани пред останатите ученици, наставници, родители и гости од нашиот град.

No comments:
Post a Comment